Ако продолжи вака да се осиромашува и да се влече назад Република Македонија, само еден е биде губитник – народот на Република Македонија. Јас не би сакал тоа да се случи, и токму поради тоа, многу јасно, многу гласно, многу прецизно бараме предвремени парламентари избори заеднос о претседателските, го повтори ставот на партијата претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во гостување во Дневникот на Сител.
Мицкоски објасни дека ВМРО-ДПМНЕ не инсистира предвремените избори да се одржат веднаш, избрзано, зашто партиски комисии допрва треба даја усвојат содржината на новиот Изборен законик, а според договорената динамика усвојувањето треба да заврши во септември или октомври.
-Имајќи предвид дека првиот круг претседателски избори ќе биде во март 2019 година, сто дена наназад, логично е техничката влада да се формира кон крајот на октомври и во почетокот на ноември.
Формирањето течничка влада по примерот на Пржино е минимум услов кој треба да и се овозможи на опозицијата за да се чувствствува комотно за да оди на озбори.
-Ако одиме на избори какви што беа локалните, тогаш тоа ќе биде лош пример како се одржуваат демократски избори во демократска држава. Тоа треба да се еден од основните услови кои треба да бидат исполнети за да можеме да имаме фер и демократски избори. ВМРО-ДПМНЕ во декември 2016 година овозможи такви избори, на кои СДСМ изгуби, но знаете каков беше понатаму развојот на настаните.
Една година подоцна, потсети Мицкоски, подарена влада не може да опстои, па така и оваа нема да трае уште долго.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст