| четврток, 6 декември 2018 |

Малолетничка донесена на Ургентно во Гостивар – испила стотина апчиња

Во Гостивар повторно е регистриран случај на труење со лекови. Овојпат се работи за малолетна
девојка.

Според информациите од полицијата, во Ургентниот центар во гостиварската болница вчера околу 18 часот, била донесена е седумнаесетгодишна девојка од прилепско, која претходно се затрула со стотина разновидни таблети.

По укажаната лекарска помош, во контактибилна состојба, малолетничката била префрлена на Клиниката за токсикологија во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top