БЕГ – Снабдување со топлина на повеќе од половина од потрошувачите или 62 проценти, ќе им испрати пониски или еднакви порамнителни сметки со авансните, соопштуваат од компанијата.
Висината на порамнителните сметки, појаснуваат оттаму, е различна за секој потрошувач и зависи од карактеристиките и енергетската ефикасност на објектот и секако од измереното количество на испорачана топлинска енергија до самиот објект.
– Иако изминатата грејна сезона траеше шест дена подолго од вообичаеното, сепак, повисоките просечни надворешни температури во текот на минатата зима ја намалија испораката на топлинска енергија во централниот систем за топлинска енергија во Скопје. Помалото количество на испорачана топлинска енегија до потрошувачите од прогнозираната ќе биде нивелирана во сметките за мај, јуни и јули, кога вообичаено се врши порамнување помеѓу прогнозираната и реално испорачаната топлинска енергија, наведуваат во соопштението.
Потрошувачите, во текот на целата година, во своите сметки добиваат податок за тоа колку енергија потрошиле, како и за износот на разликата меѓу потрошената и прогнозираната топлинска енергија. Ако при порамнувањето, велат од БЕГ, се утврди дека е потрошена повеќе топлинска енергија отколку што авансно е пресметана, тогаш разликата се распределува на три еднакви рати и соодветно се фактурира во сметките за месеците мај, јуни и јули. Ако пак потрошувачот авансно платил повеќе отколку што е утврдено при мерење на потрошената топлинска енергија, тогаш разликата ќе му биде вратена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст