| четврток, 6 декември 2018 |

Краткометражниот филм „Види ја ти неа“ на фестивал во Палм Спрингс и во Сиднеј

Филмот досега освои Мала камера 300 на Интернационалниот фестивал на филмската камера “Браќа Манаки“, Македонија, награда за најдобар краток филм на Филмски Фестивал Санденс, Гранд при награда на Мартовски фестивал-Белградски фестивал на документарен и краток филм и награда Уранија на LET’S CEE филмски фестивал,Виена. Истиот беше прикажан на 40.Клермон-Феран Фестивал на краток филм,Франција, 23. Интернационален филмски фестивал во Вилниус, Кино Павасарис,Литванија

Kраткометражниот игран филм „Види ја ти неа“ во режија на Горан Столевски го продолжува својот фестивалски живот на фестивалите во Палм Спрингс, САД и Сиднеј, Австралија.

Интернационалниот филмски фестивал Палм Спрингс е најголемиот настан за кратки филмови во Северна Америка. ИФФ ShortFest добива околу 4.200 апликации од над 100 земји низ целиот свет. Околу 325 кратки филмови се избрани да се прикажуваат за овогодинешното издание во 90-минутните тематски програми.Овој фестивал е квалификуван за наградите Оскар (САД) и БАФТА (ВБ) па е познат како прва станица на патот кон Оскарите или БАФТА наградите. На ИФФ ShortFest се прикажани повеќе од 100 кратки филмови кои добиле номинација или пак освоиле Оскар.

Филмскиот фестивал во Сиднеј се одржува секоја година во текот на месец јуни и го привлекува вниманието на публиката на локално и интернационално ниво преку прикажување на документарни, играни и кратки филмови, ретроспективи и анимации на неколку локации низ центарот на Сиднеј.

Филмот досега освои Мала камера 300 на Интернационалниот фестивал на филмската камера “Браќа Манаки“, Македонија, награда за најдобар краток филм на Филмски Фестивал Санденс, Гранд при награда на Мартовски фестивал-Белградски фестивал на документарен и краток филм и награда Уранија на LET’S CEE филмски фестивал,Виена. Истиот беше прикажан на 40.Клермон-Феран Фестивал на краток филм,Франција, 23. Интернационален филмски фестивал во Вилниус, Кино Павасарис,Литванија.

Филмот е селектиран на неколку фестивали во Америка, Австралија и Европа а влезе и во официјална компетитивната програна на А категорија на фестивали за кои ќе дополнително ќе информираме.

„Види ја ти неа“ е приказна за младата девојка Анета, која се обидува да ги реши проблемите во семејството и училиштето вклучувајќи се во еден исклучиво машки верски ритуал, скокање по крстот за Водици.

Улогите во филмот ги толкуваат Сара Климоска, Игор Ангелов, Пируника Киселички, Антонија Белазелкоска, Милица Стојанова, Жарко Јовановиќ, Иво Антов, Виктор Арсов, Симон Манасковски, Изабела Новотни и Горан Илиќ.

Горан Столевски го напиша сценариото за филмот, кинематографер е Наум Доксевски, сценограф Влатко Чачоровски, костимограф Жаклина Крстевска, тонец Братислав Зафировски, а шминката е на Наталија Кајевска. Продуценти на филмот се Димитар Минов, Кристијан Буровски и Томи Салковски.

Филмот е во продукција на Црна Мачка Продукција, во копродукција со Скопје Филм Студио, а беше финансиски подржан од Агенцијата за филм на РМ.

Од февруари оваа година официјален интернационален дистрибутер на „Види ја ти неа“ е Премиум филмс од Франција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top