| четврток, 6 декември 2018 |

Се подготвуваат живеалиштата за новите животни во Зоолошката градина во Скопје

Зоолошката градина во Скопје ги подготвува живеалиштата за пристигнување на новите животни годинава.

На 12 хектари во Зоолошката градина во Скопје, која постои од 1926-та година, живеат околу 85 различни видови животни од секој крај на светот.

– Животните кои живеат тука се можност за секое мало дете, па и секоја возрасна личност, да запознае нешто ново, да биде дел од нов свет. Оваа година го надминавме и бројот на посетители за 5 отсто повеќе од минатата година за истиот период. Како расте интересот за зоолошката градина така напредуваме и се надградуваме. Оваа година сите, и посетителите и ние, со нетрпение го очекуваме пристигнувањето на новите животни чии живеалишта веќе се подготвуваат, истакна директорот на зоолошката градина Скопје, Јорданчо Милошевски.

За да се обезбеди дополнителна нега на животните Зоолошката градина потпиша Меморандум за спонзорство со Vivax Македонија. Благодарение на ова спонзорство, како што кажа Милошевски, Зоолошката градина ќе биде во можност да им обезбеди дополнителна нега на животните.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top