| четврток, 6 декември 2018 |

Казни за директорката и за училиштето во Радовиш за организирање на ифтарска вечера

Со парични казни ќе бидат казнети ОУ „Крсте Петков Мисирков“ од Радовиш и директорката Олгица Стојанова, поради ифтарска вечера што беше организирана минатата недела во училишниот хол. Училиштето доби казна од 1.600, а директорката како раководно лице, треба да плати 1.120 евра казна, реши Државниот просветен инспекторат.

Од Инспекторатот најавуваат дека до општинските власти ќе поднесе барање за разрешување на раководното лице, бидејки дозволило верско организирање во училиште што е спротивно на законот.

Ваквиот верски обред се случуваше пред почетокот на вечерата за ифтар, и тоа во училишната менза.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top