Најголемата студија која досега е спроведена во лекувањето од рак на дојка покажува дека повеќето жени со најчестиот облик на оваа болест можат да ја прескокнат хемотерапијата без намалување на шансите да ја победат болеста.
Околу 70 отсто жени со ран тумор на дојката и со среден ризик од рецидиви можат по отстранувањето на туморот сигурно да ја избегнат хемотерапијата, објавија во неделата американските стручњаци.
Студијата се однесувала на раната фаза на ракот на дојка кој не се проширил на лимфните јазли и кој е хормонски позитивен, што значи дека неговиот раст го поттикнуваат естрогенот или прогестеронот, и кој не е тип за кој се користи лекот „херцептин“. Инаку, долго постои сомнение во вредноста на хемотерапијата во таквите случаи.
Наодите следувале по генетските тестови кои ја анализираат опасноста од туморот.
Вообичаеното лекување на ракот на дојка е операција после која повеќе години се зема лек кој ги блокира хормоните. Меѓутоа, на многу жени, исто така, им се препишува хемотерапија за да се убијат можните заталкани клетки на ракот.
Лекарите знаат дека на повеќето пациентки тоа не им е потребно, но има малку докази околу тоа кој може безбедно да се лиши од хемотерапијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


