По изјавата на Рамуш Харадинај дека Косово ќе се согласи на помирување со Србија во замена за признавање на независноста, се огласи министерот за одбрана на Србија, Александар Вулин.
Тој му поставил прашање на Харадинај: „Дали сам го смисли тоа или некој ти помогна?“.
„Најпрво силувавте и убивавте жени и деца, палевте села, ограбувавте имоти, убивавте полицајци и војници. Протеравте 250.000 луѓе од нивните огништа, уништивте десетици цркви и манастири, се обидовте противправно да земете дел од територијата на Србија, го погазивте секој збор кој го дадовте во Бриселскиот дијалог и сега се сетивте да барате Србија да го прифати сето тоа, да ве признае и уште барате помирување за судир кој Србија ниту го бараше ниту го предизвика. И да го повторам прашањето од почетокот: дали сам го смисли ова или некој ти помогна?“, рекол Вулин, пренесува „Танјуг“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


