| четврток, 6 декември 2018 |

Осквернавен уште еден споменик: Општина Струга сруши спомен чешма на НОБ! (Фото)

По отстранувањето на знамињата од големите јарболи низ Македонија, и префарбувањето на обележја на македонското знаме во некои од општините, денес, општина Струга сруши спомен чешма на НОБ, по примерот на градот Скопје кој отстрани споменик на Македонски револуционер, пишува Инфомакс.мк

„Дојде живот и во Струга“ – вака коментираат граѓаните на фотографиите од рушењето на спомен чешма на НОБ во нивната општина, за која не знаат на кого му сметала и која е причината поради која е срушена.

Според информациите на Инфомакс, чешмата била срушена по одлука на локалната власт, но детали не се познати поради недостапноста на службите да одговорат на нашите прашања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top