| четврток, 6 декември 2018 |

Грчката влада очекува од Заев да го направи решавачкиот чекор за името

“Грчката влада очекува од господинот Заев да го направи решавачкиот чекор кон постигнување на договор за името, топката е на нивниот терен“, рече портпаролот на грчката Влада и министер без ресор, Димитрис Ѕанакопулос.

Во интервју за грчката телевизија “Контра”, Ѕанакопулос рече дека не може да предвиди кога премиерите на Грција и на Македонија Алексис Ципрас и Зоран Заев ќе имаат телефонски разговор и истакна дека “ништо не е договорено се додека не се постигне договор за сите прашања “.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top