| четврток, 6 декември 2018 |

Експерти и граѓани: Се чини, СДСМ како повторно да се „затечени“ од новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ?

Mакедонија се разбуди, аналитичарите сложни, третата генерација на политичари на чело со Христијан Мицкоски кој остави впечаток на модерен и европски лидер ја зацементриа својата позиција на чело на обединувачкото ВМРО-ДПМНЕ.

Професорката по уставно право, Тања Каракамишева истакна дека говорот на Мицковски бил емотивен, искрен и државнички.

Огромната бројка на посетеност на протестот ја искоментира и новинарот Цветин Чилиманов кој вели дека и покрај огромните притисоци, закани и заплашувања, македонскиот народ излезе на улиците и даде поддршка за уривање на како што вели тој криминалната власт, и му дадоа елан на Мицковски за борба за иведување на Македонија на вистинкиот пат.

Граѓаните по социјалните мрежи непрекинато споделуваат статуси под импресии од вчерашниот протест. Велат македонскиот народ се разбуди, надојдовме како Вардар, улиците се претесни да не соберат, ова беа само дел од реакциите по вчерашниот протест. Слики од илјадници развиорени знамиња, огромна бројка на луѓе и натписи за поддршка на Мицковски и ВМРО-ДПМНЕ ги преплавија фејсбук и твитер.

По вчерашниот протест се огласи и аналитичарот Александар Пандов кој порача му порача на премиерот Заев дека неговиот противник Мицковски е спремен и мотивиран и дека толкавата бројка на излезеност на вчерашниот собир значело дека на наредните избори во март или април додогина ќе значи крах за него.
Овации, громогласни аплаузи и огромна победничка енергија го обележа овој 2ри јуни, кој ќе биде запаметен како денот кога според опозциската партија, Македонија се разбудила.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top