Политичкиот аналитичар Александар Пандов упати порака до премиерот Зоран Заев по синоќешниот масовен протест во организација на ВМРО-ДПМНЕ.
-Друже Заев морам да ти напишам неколку реда. Тоа што ти многу добро го разбираш, доматите и пиперките, јас да бидам искрен сега правам почетни чекори и фала богу добро ми оди, но еве ти рака дека ти си експерт за градинарство. Од друга страна друже Заев јас нешто што многу добро го разбирам се: протестите, собирите, митинзите, па муабетов ми беше за синоќешниот протест на ВМРО пред Владата на Република Македонија. Што да ти кажам, лошо друже. Едно што противникот ти се погоди многу спремен и мотивиран, него на ова црнило, страв и терор во кој ја бутна Македонија, да ти излезе онолку народ значи само едно, дека на наредните избори друже, во март или април до година, ќе го јадеш за сите пари што ги имаш цицнато.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.