Христијан Мицкоски, актуелниот лидер на опозицската ВМРО ДПМНЕ синоќа на митингот пред Владата извади илјадници граѓани на улиците. Тој во името на партијата побара предвремени парламентарни избори кои би се одржале заедно со претседателските во април 2019 година.
– Ова се историски мигови за нашата татковина, ова се моменти кога е потребна сила, одговорност, одлучност. Ова е времето на третата генерација, која учеше од првата и растеше со втората генерација, која стои исправено пред предизвиците на Македонија и на нашите сограѓани. Ајде да покажеме колку ни е силата. Ајде да покажеме колку ја сакаме Македонија. Ајде сите заедно да одговориме достојно на предизвиците и да кажеме гласно и јасно дека чашата е прелиена, доста е, вака веќе не може, вака веќе не смее – рече синоќа Мицкоски пред насобраниот народ.

Ова се историски мигови за нашата татковина, ова се моменти кога е потребна сила, одговорност, одлучност, порача Мицкоски
Тој во говорот истакна дека граѓаните излегле на улиците и покрај заканите.
– Ве има толку многу, исправени пред неправдите, горди пред обидите за понижувања, решителни пред налетите да не скршат. Мислеа дека нема да излезе народ, не прогонуваа, кога се закануваа дека ќе бркаат од работа сакаа да ве премислат, кога сакаа да не понижат сакаа да се исплашите и разбегате. Но еве не тука, еве не тука, побројни и посилни, народот наш македонски е пиреј, кога се исправа на нозе тогаш кога е најтешко, и тогаш кога е најпотребно. Затоа што, како што велеше Гоце – „Секоја слобода која е подарена всушност е ново ропство”. И да знаете, секоја власт која што е подарена нема долго да трае, запаметете го ова. И еве тука вие, и тие од домовите, кои не се тука со нас но срцето им трепери, знаат дека Македонија ни се одзема и полека се губи, и сакаат сето ова да престане. Од сите страни на нашата мила Македонија, од сите населени места пораката е една и единствена доста е! Доста е! – порача вчера Мицкоски на собирот на кој присустуваа околу 60 илјади граѓани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мицкоски: Ах, Устав ли е, принцип ли е, Вице ли е?
-
Мицкоски: Заев се фалеше дека странските инвестиции ќе растат, НБРМ констатира минусно салдо и одлив на инвестиции
-
На претседателските избори ќе го поразиме СДСМ, порача Мицкоски од Гостивар
-
Мицкоски нема да му одговори на Мијалков, тоа се внатрепартиски работи