| четврток, 6 декември 2018 |

„И коњите ги убиваат зарем не?“, 3Д Мапинг шоу во Македонската филхармонија

Во копродукција на Македонската филхармонија и 3Д Проект Студио денеска за првпат во Македонија, ќе биде изведено спектакуларно 3Д Мапинг шоу, односно мултимедијален перформанс под наслов „И коњите ги убиваат зарем не?”. Настанот е во 20 часот, во Македонска филхармонија.

Покрај аудио и видео сензацијата, ќе биде вклучена и актерска игра, а во главната улога ќе настапи актерот Дејан Лилиќ. 3Д Мапингот и видео анимациите се дело на Милчо Узунов, а режијата е на Златко Славенски.

3Д Мапингот е базиран на музички аранжман од страна на Џијан Емин, но и од легендарните хитови на групата „Лед Цепелин“, испреплетени со музичките дела на Дмитриј Шостакович и миленикот на Кјубрик – Арам Хачатуријан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top