| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија со титули „најкомора“ и „најменаџер“ во Југоисточна и Средна Европа

dobitnici_smallСтопанската комора на Македонија е „најкомора“ во регионот, а Михајло Маневски, извршен директор на компанијата „Фени“ и сопственик на „Ватростална“, е прогласен за „најменаџер“ во Југоисточна и Средна Европа.
Титулите ги добија на традиционалната 28. манифестација „Избор на најменаџер на Југоисточна и Средна Европа“ во Сараево.
Бранко Азески, првиот човек на СКМ, изјави дека друштвото со најдобрите менаџери од Југоисточна и Средна Европа е вистинска можност човек да се почувствува горд на резултатите што може да ги постигне.
– Позитивноста, упорноста и професионалноста се единствените работи со кои може да се оди напред. Добитниците се вистинските луѓе коишто во своите дејности постигнуваат извонредни резултати и отвораат простор за развој на општеството – истакна Азески.
На деловната конференција на тема „Регионалната стопанска соработка и развојот“ бизнисмените ѝ го честитаа влезот во ЕУ на Хрватска, побараа од своите влади да работат во тој правец, поддржан е развојот на конзорциуми во регионот, по примерот како што сега тоа го прават градежниците, бидејќи само со заеднички настап компаниите ќе можат да бидат поприсутни на пазарите во Европската унија и во светот. На конференцијата се дебатираше и за побрзиот развој и за поврзување на бизнисот во регионот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top