Принципи и одлучност, тоа е она што треба да го наметнеме! На Македонија ѝ треба нова генерација на политичари кои ќе размислуваат поинаку, кои ќе гледаат далеку, ќе имаат јасна цел и визија како да се стигне до целта. На Македонија и треба и реформиран СДСМ и одговорен и квалитетен СДСМ. И таму има многу луѓе кои не се согласуваат со ова што се случува. И таму има квалитетни луѓе кои можат да придонесат за доброто на Македонија. Но за да дојде и тоа, прво мора да се порази Зоран Заев, и тоа да се порази убедливо, силно, рече Мицкоски вечерва.
-Браќа и сестри, јас сум горд и со голема чест стојам овде пред вас. Понизно барајќи да ни се придружите. Не како што Зоран Заев нудејќи решенија за името и капитулација викна – Следете ме. Не така. Туку, да ми се придружите, затоа што јас сум еден од вас, и сите ние сме тоа што во ова време и е потребно на нашата држава.
Верувајте во себе и ќе успееме. Почнуваме со работно лето, ќе го посетиме секој дом, секоја педа на нашата Македонија.
Со што е можно повеќе луѓе ќе разговараме за проблемите кои ве тиштат но и за тоа што ние утре ќе треба да направиме кога ќе ја формираме новата влада на Република Македонија. Ќе бидеме покрај вас, со вас, со сите граѓани без разлика на верската, етничката, партиската определба.
-Сите граѓани се засегнати. Многу и од гласачите на СДСМ се чувствуваат измамени, но и Албанците, Турците, Ромите, Србите, Власите, Бошњаците и останатите немаат подобар живот и подобро секојдневие, и ние мора да покажеме сериозност и одговорност, широчина и посветеност, кадровски и програмски потенцијал, за сите да видат во нас реална алтернатива која со сигурност ќе донесе подобро и која ќе ги победи пороците на досегашните политички елити во земјава.
Само така Македонија ќе победи! А клучот е во нас самите. И во никој друг.
На Македонија ѝ треба економија, а не двојазичност. На Македонија ѝ треба напредок и просперитет, а не подигнување на вештачки ѕидови и поделби. На Албанците, исто како и на Македонците, им треба нови работни места, а не противуставни закони за јазици.
-Како поминува првата година дали некој од вас смета дека може да биде подобро втората? Дали овие луѓе на власт може да се очекува повеќе? Одговорот е јасен НЕ. И немаат капацитет тоа да го сторат. Не, нема да биде подобро, рече тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст