Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со раководството на ВМРО-ДПМНЕ, пристигна пред Владата, на големиот протест на опозициската партија, поради како што вела, големите неуспеси на Владата на Република Македонија.
Голем број граѓани веќе се собраа пред Владата за протестот кој е во тек. Граѓани од сите страни на Македонија пристигнуваат во главниот град да го изразат своето незадоволство од работата на Владата предводена од премиерот Зоран Заев.
Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Димовски, во гостувањето на вестите на телевизија Алфа кажа дека очекува голем број граѓани да дојдат на протестот, не само од Скопје, туку и од многу други градови и места од Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст