Помина една година на разочарувања, изневерени очекувања и уривање на достоинството. Година пропуштена во нашите животи, година на неработа, создавање на поделби и хаос, е вистинската реалност, каква што не ја прикажува разубавената и вештачка слика што ја прикажува Зоран Заев, рече Мицкоски пред 50.000 Македонци собрани пред Владата на Република Македонија.
Година на политички терор, апсења, упади, тортура.
Година на економски неуспеси, на создавање трулеж во општеството.
Година на изневерени очекувања и лажни ветувања.
Година во која народот се соочува со вистината дека ветуваа се и сешто, а не исполнија ништо.
Ниту земјоделците ги имаат субвенциите, ниту докторите повисоки плати, ниту пак пензионерите повисоки пензии.
Здравството ни е руинирано, болниците пропаѓаат, луѓето чекаат по ходници, цената за сето тоа ја плаќаат со најскапото нешто – нивните животи.
Образованието ни е во слободен пад, универзитетите се на крајот на листата за квалитет во светски рамки. А студентите, младите, се разочарани. Младите си заминуваат пред нашите очи, тоа значи дека Македонија се распрснува ширум белиот свет. Замира животот во македонските градови и села. А тоа е така затоа што граѓаните ја изгубија вербата. Владата ги разочара младите. Ја уништува таа полетна енергија на животот.
Ветуваа 5 отсто раст, а донесоа нула. Градежништвото тоне, се гради 45 отсто помалку. Се фалат со повеќе пари во буџетот, а не кажуваат дека парите се оние собрани од арачот на народот, вашите пари од зголемената акциза за нафтата и дизел-горивото.
Имаме ситуација во која министерот за внатрешни работи апси само кога има политички мотивирани случаи, а има нула акции за криминалци. Патриотите во затвор, криминалците на слобода.
Ова е за жал реалноста во нашата држава.
За жал овие бројки не се само обични бројки. Токму овие бројки се луѓе, реални луѓе и семејства, како и реален стандард или како што Зоран Заев лажеше, живот. Зоран Заев заборави една работа, дека животот нема реприза! И нема втора шанса за времето кое изминува и изгубените години.
Го гледам како онака поднасмеан со лажната скромност што ја глуми, раскажува како подобро се живеело и како почнало се да се подобрува. Па уште гласно вика, не шупоти, дека донел 16 нови инвестиции во Македонија.
-Еве дали вие сте го виделе да донесе една инвестиција? Значи не 16? Една?! Јас не сум го видел, а вака мислам дека сум информиран и дека пратам доволно. Да ве прашам, дали вие, вашите сограѓани, вашите роднини, пријатели, дали живеете подобро? Дали мислите дека како тргнало ќе живеете подобро? Јас ќе речам – не. А и вие го знаете тој одговор, рече Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст