| четврток, 6 декември 2018 |

Помина една година во која ненормалното го прикажуваа како нормално

Со стихови од Гане Тодоровски претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на точно една година од владеењето на ненародната власт на чело со Зоран Заев и неговите роднини и сопартијци ги повика сопартијците, но и сите граѓани на Македонија да се собрат и да ги запрат во лажните ветувања и лажните надежи, прокоцканите шанси.

-После многу средби, состаноци, реорганизација и реформирање на партијата, после се она на што бевме сведоци, лажни ветувања и лажни надежи, прокоцкани шанси, нула економија, нула инвестиции, никакви проекти, наспроти се она што го прокламираа на изборите, после се она што се случи, сакам овој митинг да го започнам со следните зборови напишани од нашиот македонски великан Гане Тодоровски…

Да ни е да сме доста
колку да се разбистри небото
над Бистрине, Корабине –

Да ни е да сме доволно
колку за да се довардиме
покрај Вардарине и Струмине –

Да ни е да сме мерата
колку да се прелееме
од колено во колено до кај истрајвекот –

Малцичка сме ли ете па што
малцичка божем, а веќе со векови
по стопати по севезден нè пребројуваат

Но ние сме како што сте, како што се
И покрај сè и покрај сè
колку сме, толку сме, токму сме!

А јас ќе додадам – многу сме! 

Помина една година во која ненормалното го прикажуваа како нормално. Кога лапсузите и гафовите на Заев станаа вицови и секојдневие, затоа што веројатно за сите нив е исто дали Словенија е иста со Словачка, дали има брејн дрејн или брејн сторминг.

-И ај, ќе си рече човек, па тоа е Заев, навикнати сме, но тоа само покажува какви квалитети има овој човек, но најлошо од се е, што кога рече, „но дискасити фор идентити“, сепак сфаќаме дека тој не само што разговарал за идентитетот, туку и си одлучувал од свое име што ќе прави со нешто што не го поседува. Тоа е нешто што е на сите нас, но и на оние пред нас и на оние по нас.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top