Вечерва во 20 часот во организација на ВМРО-ДПМНЕ, ќе се одржи голем протест пред Владата на Република Македонија.
Граѓани од сите градови доаѓаат да го искажат своето незадоволство од работата на Владата предводена од СДСМ и Зоран Заев.
Овие фотографии се од граѓаните од Ресен и Вевчани кои доаѓаат кон Скопје.
И прилепчани тргнаа кон Скопје да се приклучат на вечерашниот митинг во 20 часот во организација на ВМРО-ДПМНЕ, пред Владата на Република Македонија.
Граѓаните од Струга со автобуси и автомобили тргнаа кон Скопје.
НЕ на политиките кои ги води владата на СДСМ и Заев, вечерва ќе кажат и жителите на Василево, Босилево и Ново Село кои веќе тргнаа кон Скопје.
Граѓани од Крива Паланка тргнаа кон Скопје на протест против Владата предводена од СДСМ и Зоран Заев.
Гостиварчани патуваат кон Скопје каде ќе бидат дел од протестот против владините политики.
Граѓани од Штип попладнево масовно се упатија кон Скопје и кон владата на Република Македонија каде за вечерва во 20 часот е закажан голем протестен собир.
Кон Скопје на протест тргнаа и жители на Куманово, кои доаѓаат во главниот град да го искажат незадоволството од погубните политики кои власта предводена од СДСМ и Зоран Заев ги води.
Поддршка за протестот тргнаа да дадат и граѓани од Берово, Делчево и Неготино.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст