| четврток, 6 декември 2018 |

Двајца браќа им се заканувале на полицајци, еден удриле со тупаници

Утринава во 2 часот во Полициската станица впо Пробиштип дошле С.З. (25) и неговиот брат Д.З. (29) од Пробиштип и веднаш почнале да викаат и недолично да се однесуваат, реагирајќи на претходно пријавена поплака против нив.

Од страна на сменоводителот биле предупредени да престанат со таквото однесување, но тие продолжиле, по што биле предупредени да ја напуштат полициската станица, а тие продолжиле со истото однесување и упатиле навреди и закани кон сменоводителот и кон другите присутни полициски службеници. Потоа почнале да се туркаат со сменоводителот и со дежурниот полициски службеник.

Во еден момент С.З. со тупаница го удрил полицискиот службеник-сменоводител во пределот на главата, по што од страна на присутните полициски службеници, С.З. и Д.З. биле совладани и лишени од слобода и задржани во полициска станица за понатамошна постапка, соопшти МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top