| четврток, 6 декември 2018 |

Поранешниот јавен обвинител на Албанија побарал азил во Турција

Екс јавниот обвинител на Албанија, Арбен Лала од кој властите во Тирана бараат да влезе во таканаречениот систем на Ветинг, што значи проверка на неговата работа како обвинител и неговиот капитал, побарал азил во Турција, објавија албанските медиуми.

Според информациите, надлежните власти веќе неколкупати се обиделе да добијат информации за имотот на Лата, но, тој отпатувал за Турција каде што веќе побарал азил.

Лала, кој беше директно обвинет од страна на властите во Албанија, но и од страна на Американската амбасада во Тирана, за директна вмешаност во непокренувањето на обвиненија против голем број на криминални групи во земјата, не доби американска виза.
Американската амбасада соопшти дека Лала е непожелен во САД .

Како што пренесуваат албанските медиум, Лала ја напуштил Албанија и побарал засолниште во Турција, во моменти кога се очекуваше покренување на обвинение против него, од страна на новата јавна обвинителка Арта Марку. Лала според медиумите стекнал голема имотна корист за време на неговиот мандат како јавне државен обвинител на Албанија.

Засега нема информации дали Тирана ќе побара екстрадиција на Лала, но медиумите истакнуваат дека за пресметка на властите во Албанија со криминалните групи неоходно е неговото присуство во земјата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top