Поранешната министерка за надворешни работи на Грција, Дора Бакојани ја обвини владата предводена од СИРИЗА дека ја чува опозицијата во темнина во однос на напредокот во преговорите за името.
Бакојани, која сега е министер во сенка за економија и развој во рамките на Неа демократиа синоќа изјави дека „провокативно е политичките сили во земјата да добиваат информации за разговорите со ПЈРМ од веб страници од ПЈРМ и од премиерот Зоран Заев“, а не од грчката влада, пишува „Катимерини„.
Бакојани, исто така го нападна владиниот портпарол Димитрис Ѕанакопулос за тоа што кажа дека „во моментов нема договор, а кога ќе има ќе ги информираме политичките партии и грчкиот народ со цел да се спроведе широка дебата“.
„Срамота е Ѕанакопулос да кажува такви работи“, вели Бакојани и додава дека политичките партии во земјата треба редовно да бидат брифирани за развојот на настаните.
Таа изрази незадоволство од немањето демократско чувство кај владата за прашање што го засега „секој грчки граѓанин, срце и душа“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст