| четврток, 6 декември 2018 |

Проверете дали внатрешните органи ви се болни со овој едноставен тест од 60 секунди

Се’ што ви е потребно е една лажица и најлон кеса, а на овој начин можете да проверите дали е се’ во ред со вашиот респираторен систем, цревата, хормоните, метаболизмот, бубрезите или забите.

Единствено што треба да направите е следното:

Со лажицата изгребете малку од наслагите од површината на јазикот. Кога ова ќе го изведувате обидете се да земете наслаги кои се поблиску до грлото.

Потоа, замотајте ја лажицата во најлон кеса и оставете да отстои 60 секунди под некоја силна сијалица.

Силната светлина од сијалицата и топлината помагаат во побрз развој на бактериите, па колку овие услови се подобри, толку ќе биде повидлив резултатот.

РЕЗУЛТАТИ:

Кај здрав човек наслагите ќе бидат чисти.

Меѓутоа, ако со едно повлекување се собере многу наслага, и за 60 секунди се појават чудни бои и непријатен мирис, тоа би можело да биде ран знак за проблеми со белите дробови или дишните патишта, црниот дроб, бубрезите, цревата или хормоните.

Доколку добиете ваков резултат, не би било лошо да посетите лекар и да ги направите потребните тестирања за да утврдите за што точно станува збор.

Исто така, овој тест може да ви открие дали имате непријатен здив, за што многумина не се ни свесни.

Доколку станува збор за овошен мирис – тоа може да укажува на кетоацидоза, односно пореметување на метаболизмот, кој може да предизвика развој на дијабетес.

Ако почувствувате непријатен мирис на амонијак, многу е можно да имате проблем со бубрезите.

Сепак, не паничете веднаш – непријатниот здив не мора секогаш да биде знак за заболувања на внатрешните органи. Всушност, најчесто се работи за проблеми со крајниците или непцата, како и кариес и расипани заби.

 

извор: Скопје24

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top