| четврток, 6 декември 2018 |

Србов повикува: Застанете на правата страна на историјата!

Стави камче во бедемот кој ќе ја зачува татковината.

Знаете ли какво е чувството на дедовците кога на своите внуци им раскажуваат за нивната борба за Македонија? За тоа како се бореле да ја ослободат Македонија? Мислам на сите кои дале придонес за создавањето на оваа наша држава без разлика дали биле генерали или курири. Мислам и на оние чие име е запишано и на оние чие име не е запишано во читанките, делото на секој од нив тежи подеднакво колку планина. Чувството е возвишено. А знаете ли како се осеќаат внуците кои ги слушаат тие преданија? Горди! Бидејќи нивниот дедо, чија крв носат, застанал на вистинската страна, на страната на Македонија, пишува Никола Србов во повикот за присуство на митингот што го организира ВМРО-ДПМНЕ на 2 јуни пред Владата.

„А знаете ли какво е чувството на оние кои не сториле ништо а можеле, или на оние кои соработувале и работеле на уништувањето на татковината кога им раскажуваат на нивните внуци? Никакво, тие не раскажуваат туку молчат зошто се свесни дека не сториле ништо а можеле, или уште полошо, работеле против својата татковина. Знаете ли како се осеќаат нивните внуци? Засрамено од делото на нивните дедовци.

ЗАСТАНЕТЕ НА ПРАВАТА СТРАНА НА ИСТОРИЈАТА! За да бидете горди и вие и вашите внуци од вас кога ќе им раскажувате што вие сте сториле за Македонија. Да бидете горди дека сте ставиле камче во бедемот кој ја зачувал државата, макар и со ваше присуство, давање поддршка или пркост кон оние кои работат да исчезне државава натопена со крв. Делата тежат подеднакво на сите кои се на вистинската страна.

На 2 јуни одиме пред Влада да кажеме „НЕ“ на погубната политика на моменталната власт во Македонија. Илјадници „НЕ“ за секој погрешен чекор и неправда нанесена врз граѓаните и врз државата. Со нашето „НЕ“ ќе започне падот на оваа нелигитимна и деструктивна влада.

Кажаното „НЕ“ на 2 јуни и борбата која ќе следи, верувајте, ќе ја раскажувате гордо на вашите внуци кои ќе бидат горди на вас бидејќи сте учествувале во борбата да опстане нивната држава во најкритичните моменти.

Се гледаме пред Влада!“, завршува Србов.

Србов до Богоевски: Внуците на репресираните доаѓаат по своето

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top