| четврток, 6 декември 2018 |

Средба Заев – Хакверди: Можно е решение, ако се опстои на досега изразената политичка волја

Пратеникот во германскиот Бундестаг Метин Хакверди пренесе силна поддршка да се продолжи со процесот на заокружување на решението за спорот што ги кочи евро-атлантските интеграции на Македонија, по средбата со премиерот Зоран Заев, соопшти Владата.

Премиерот Заев се заблагодари на големата поддршка од Република Германија, од Бундестагот, од СПД, во процесот на остварување на стратешките цели на нашата држава, вклучително и за разговорите што се водат со Грција.

-Евро-атлантските интеграции ќе донесат добро за граѓаните на мојата земја, но и за Република Македонија. Насочени сме кон формулации што на достоинствено ниво ќе ги штитат интересите на двете држави. Ако опстоиме на досега изразената политичка волја, решение е можно – оцени премиерот Заев.

На средбата беше заклучено дека евро-атлантските интеграции на Македонија ќе значат и нови работни места и развој на државата во целост. На состанокот посебно беше нагласена важноста од владеењето на правото и правната држава, што ќе отвори пат за ефикасно справување со корупцијата во иднина, бидејќи е порака дека секој граѓанин се почитува од системот, но истовремено е секој еднаков пред правдата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од н

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top