| четврток, 6 декември 2018 |

Народниот театар од Битола гостува во Подгорица

Народниот театар од Битола , вечерва, со претставата „Коцкар“ од Ф.М.Достоевски во режија на Дејан Пројковски ќе се претстави на Фестивалот на националните театри кој од 30 мај до 8 јуни се одржува во Подгорица, Црна Гора …

Првото издание на Фестивалот кој е од ревијален карактер, во текот на деветте дена ќе ги презентира најзначајните актуелни продукции од националните театри од регионот и тоа од Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија, Србија, Словенија и Црна Гора. Организатор на манифестацијата е Црногорскиот народен театар.

Како што известуваат од Дирекцијата на Фестивалот, секоја година на крајот на театарската сезона преку организацијата на овој фестивал, покрај театрите од земјите од бившите југословенски простори, ќе се претставуваат и најзначајните театарски остварување од целиот регион.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top