| четврток, 6 декември 2018 |

Наместо билатералка Заев – Ципрас и Еди Рама на преговорите во Преспа

Преспа ќе биде местото каде ќе биде соопштено дали се става крај на деценискиот спор за името. Но наместо билатералка, Заев и Ципрас ќе имаат уште еден гостин – албанскиот колега Еди Рама, пренесува Независната балканска информативна агенција. Телефонскиот разговор на Заев и Ципрас ќе значи дека се испеглани деталите, па во Преспа ќе биде ставен само печат на договореното. Но, присуството на Рама ќе го смени текот, бидејќи како што пишува Агенцијата неговото присуство ќе имало силна симболика за да се гарантирала благосостојбата на албанското малцинство во земјава, со што ќе се отстрани можноста за националистичка криза во Македонија.

И додека двете влади го „ткаат“ договорот, дополнувањето на списокот на присутни на средбата во Преспа со Рама, според ИБНА ќе имало неколку важни моменти, кои ќе значат и подобрување на амбиентот на Балканот. Најпрво дека ќе испрати порака дека Грција е столбот на стабилност и безбедност во регионот па со тоа ја превзема и водечката улога. Од друга страна пак Рама ќе ја гарантирал безбедноста на Албанците во Македонија, а средбата ќе се искористела и за зголемување на соработката преку заеднички проекти, што го става во дефокус деценискиот спор со уставното име кое Грција го има со Македонија.

Како што пред неколку дена грчката Телевизија Скај објави по Преспа ќе се следуваат и фазите на имплементација на договорот, за се да биде завршено со претстојниот Самит на ЕУ на крајот на јуни.

Она што сега следува според планот и фазите кои се потврдени е дека по потпишувањето, овој договор ќе се ратификува во Собранието и ќе му треба мнозинство од 61 пратеник. Доколку Референдумот помине успешно Собранието ќе треба да го смени Уставот со двотретинско мнозинство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top