Дваесетгодишна жителка од тетовското село Копанце била киднапирани и претепена од две лица. Тетовскиот билтен регистрира уште едно исчезнато лице.
Настанот се случил вчера околу 11 часот. Девојката додека пазарувала во еден маркет во Тетово, 21-годишник од Дреновец и уште едно непознато лице насилно ја внесле во возило, со кое потоа се упатиле по улица „146″ во Тетово. Набрзо застанале, ја извадиле од возилото, ја легнале на земја и со тупаници и клоци почнале да ја удираат по главата и телото, нанесувајќи и видливи повреди. Пријавениот нешто подоцна лишен е од слобода и задржан за целосно расчистување на случајот.
Тетовската полиција регистрира уште едно исчезнато лице. Се работи за 73 годишен жител од Мала Речица за кој неговиот син пријавил дека на триесетти мај се оддалечил од домот, по што започнале да го бараат му се јавувале на неговиот мобилен телефон, но не успеале да го најдат ниту да го исконтактираа. Се преземаат мерки и активности за пронаоѓање на 73-годишниот жител на Мала Речица.
Во водите на реката Вардар пред една недела кај Желино беше мртов пронајден 93 годишен жител од тетовска Стримница, кој се водеше како исчезнат.
Во СВР Тетово, често пати се пријавуваат лица за исчезнати, но дел од нив за неколку дена живи и здрави се враќаат кај своите семејства. Причината за оддалечувањето од својот дом се најразлични, љубовни проблеми семејни недоразбирање и слично.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст