Полицијата во Њу Џерси објави видео од апсењето на 20-годишна девојка на плажа. На видеото се гледа како еден од полицајците насилно ја турка на земја, ѝ ја витка раката и ја удира неколку пати по главата и рамото.
Емили Винман на плажата била со нејзините ќерка и сопруг, а видеото од нејзиното апсење е прегледано повеќе од 6 милиони пати на Твитер.
Додека нејзиниот сопруг со детето си играле во морето, полицајците побарале од Емили да направи алкотест откако нашле пиво под пешкирот. Таа рекла дека го поминала алкотестот и дека пивото е на нејзината тетка.
I was sleeping on the beach and I woke up to this.. i can’t believe it.. pic.twitter.com/UJE5Sy7E4G
— Lexy (@HewittLexy) May 26, 2018
-Мислевте дека пиеме и сега сте лути дека алкотестот е негативен“, им рекла таа на полицајците. Откако одбила да им го даде презимето кога сакале да ѝ напишат казна, еден од полицајците ја фатил за врат и ѝ рекол: „Океј, тоа е тоа, завршив со тебе. Имаме лисици? Сега ќе легнеш.
Шефот на полицијата во Валјдвуд застанал во одбрана на полицајците. „Од тоа што го видов на видеото, без да разговарам со полицајците, мислам дека завршиле пристојна работа. Мислам дека можевме да завршиме подобра работа само со објаснување, но се чини дека госпоѓа Винман не сакала да слушне што ѝ зборуваме“, рекол тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст