| четврток, 6 декември 2018 |

„Викенд на гордоста“ во Скопје финансиран од Министерството за култура (видео)

Под мотото, „Настрано, политичко”, од 7 Јуни до 10 Јуни во Скопје ќе се организира ЛГБТ прајд, кој, според организаторите, на настанот е финансиран од Министерството за култура а ќе се одржува во просториите на неколку државни институции, пишува порталот „Лидер“.

Настанот е подржан и финансиран од Министерството за култура, Heinrich-Böll-Stiftung, Фондација Отворено општество – Македонија, Министерство за култура, Европската унија и Civica Mobilitas.

-Носечката идеја позади Викендот на гордоста 2018 е НАСТРАНО. ПОЛИТИЧКО. Со оваа идеја, од една страна, сакаме да ги истражиме и проблематизираме многустраните начини на кои хегемониските имагинации за родот и сексуалноста се вкоренети во главните политички поими. Од друга страна, НАСТРАНО. ПОЛИТИЧКО. стреми да го превредни фигуративниот статус на “настраноста” во рамки на доминантните културно-политички простори – настраноста како радикална разлика, како отфрлените форми на живот, како пркос кон сите идентитетски рамки, како ексцесивност во однос на сите калапи на нормализација, како сопка за “репродуктивниот футуризам” – и во истата да препознае актуелизација на самата невозможност за тоталитарното затворање на живеењето и на културно-политичката заедница. – велат организаторите на настанот.

Ова е целокупната програма за хомосексуалниот настан

ПРОГРАМА

01.06.2018 – петок

21:00
KINO Kultura

Промо настан
Срамота! Вечер на раскажување квир приказни
Модераторки: Румена Бужаровска и Ана Василева
______________________________________________________

07.06.2018 – четврток

21:00
Muzej na sovremenata umetnost – Skopje

CORPUS QUEER: тела на отпор 1980-2018
Изложба на фотографии
Del LaGrace Volcano
Со Дј сет на Хада Блам (https://goo.gl/Q6nyBr)
Corpus Queer: тела на отпор 1980-2018 | Del LaGrace Volcano

Дел Лагрејс Волкено е фотографски визуелен уметник чии дела настојуваат да ги нарушат и проблематизираат општествено-културните бинарности преку телесното задоволство и политичката провокација како примарни стратегии на отпор. Има создадено пет фотографски монографии, од LoveBites во 1991 г. до The Drag King Book во 1999 г. со Џек Халберстам, до Femmes of Power: Exploding Queer Femininities во 2008 со Улрика Дал.
______________________________________________________

08.06.2018 – петок

21:00
KINO Kultura

Кончерто / (CONCERTO)
Ivo Dimchev- Music

Во репертоарот ќе бидат вклучени највпечатливите дела на уметникот, издвоени од контекстот на неговите перформанси и изведени како индивидуални дела. Неговиот извонреден вокал ја истакнува мрачната поезија во неговите стихови, со што публиката се здобива со незаборавно и навистина трогателно искуство.

Иво Димчев (И-ВО) е кореограф, визуелен уметник, кант-автор од Бугарија. Неговите дела претставуваат екстремна шаренолика мешавина на перформативна уметност, танц, театар, музика, цртежи и фотографија. Во 2017 година Иво Димчев издаде два музички албума со сопствена музика. Првиот албум претставува песни од неговите настапи во живо, додека вториот е насловен SCULPTURES.
______________________________________________________

09.06.2018 – сабота

13:00
Muzej na sovremenata umetnost – Skopje

Проекција на филм:
Жената лубеница / The Watermelon Woman (https://goo.gl/AAgwcd)
1996 (90’)
САД
Режија: Шерил Дунје
Јазик: Англиски

Додека работи на еден филмски проект, дваесет-и-нешто годишната црна лезбејка Шерил станува опседната со потрагата по Феј Ричардс, црна актерка и лезбејка од 1930тите години позната единствено како „Жената Лубеница“ која имала афера со белата холивудска режисерка Марта Пејџ.
______________________________________________________

09.06.2018 – сабота

20:00
Младински Културен Центар – МКЦ

Дијамант / (Diamond)
David Hoyle
со гостување на The LipSinkers

Дијамант претставува тегобно и пријатно патување низ ЛГБТ еманципацијата, почнувајќи од 1957 година до денешните настани преку возбудливата биографија на Дејвид Хојл. Неверојатно авангардно театарско дело, Дајмонд плови низ трансформацијата на геј контра-културите, квир родот и сексуалноста, и британските општествени ставови. Ќе им се допадне на сите што веруваат во борбата за еднаквост.

Дејвид Хојл ја шири пораката за проблемите со родот и други политички прашања до публиката од 1990тите години. Да не беше тој, немаше да постои родово флуидниот дрег на кој толку многу се навикнавме во последните години.

The LipSinkers е дрег театарска трупа која изведува мимика на познати поп песни. Меѓутоа нивното шоу не може да се поистовети со забавните дрег телевизиски емисии како A Night Out со Дени Ла Ру или Drag Race на Ру Пол. Настапот не се препорачува за публика со слабо срце или ненаклонета кон хаос. Бизарно, диво, смешно и свежо. – Д скотсмен
______________________________________________________

10.06.2018 – недела

13:00
Muzej na sovremenata umetnost – Skopje

Предавање на Del LaGrace Volcano (проследено со презентација на фотографиите од изложбата во МСУ)

Белешки за бидувањето спектакуларен примерок: Интерсексуалноста и политиките на репрезентација
______________________________________________________

10.06.2018 – недела

20:30
KINO Kultura

Пред да излезам (ме сакаш) / (Before I Step Outside (you love me)
Травис Алабанза (Travis Alabanza)

Познатиот транс уметник и изведувач Травис Алабанза настапува со дело од неговата прва збирка поезија „Before I Step Outside (you love me)“. Создаден во јавен превоз, перформансот (во кој се соединуваат звуци, поезија, театар и проекции) го секцира и отвора прашањето што значи да постоиш како транс личност надвор.

Травис Алабанза е изведувач, писател и драматург кој живее во Лондон. Во изминатите две години се утврди како еден од најпроминентните нови квир гласови во Обединетото Кралство и ширум светот. Со жестоки, оригинални и поразително искрени дела – емотивните изведби на Алабанза се бележат како „иднината на квир перформансот“.
______________________________________________________

10.06.2018 – недела

22:00
KINO Kultura

Диџеј сет на Sonja Sajzor (Србија) и
Дрег шоу на Haus of K.G. (KayGie) и Острога Ми (https://goo.gl/TiBZuS) (Србија)

Соња Сајзор е трансфеминистка, организаторка на настани, кант-авторка, уметничка директорка, диџеј и мултидисциплинарен визуелен уметник чии алатки за уметнички израз се шминката, костимографијата, графичкиот дизајн, фотографијата, филмот и перформансот.

Хаус на К.Г. (КејЏи) е дуо составено од дрег кралици кои ја поддржуваат дрег уметноста, club kid модниот стил и други квир експресии. Хаус е визуелна платформа за експериментирање со креативноста, модниот стил и други уметнички фантазии.

Дрег кралицата Острога Ми е комбинација од традиционално патријархално христијанство и циганска магија. Таа е домаќинка и гатачка на прво место, а потоа сѐ друго, постојано го бара вистинскиот маж на кој ќе му роди синови. Острога е магична циганска кралица и може да ти ја прочита иднината побргу
отколку што ќе те прочита тебе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top