309 возила кои се набавени со јавна набавка во 2008 година, сеуште се користат за потребите на Министерството за внатрешни работи, од кои шест возила се повлечени од употреба поради сообраќајни незгоди и едно возило со одлука на Влада на Република Македонија е отстапено на СЈО, ова е одговорот кој „Република“ го доби од МВР за користењето на возилата набавени на тендер во 2008 година за кои што е отворен предметот „Триста“. Со нив се вршат увиди, се реализираат претреси, се врши обезбедување и сите останати полициски задачи.
Одбраната на Поповски во завршните зборови пред судот потенцираше дека ова е еден типичен израз на политичка одмазда кон сите кои биле некакви функционери од претходната политичка гарнитура.
-Тоа што МВР се чувствува оштетено после 10 години возење на набавените возила, е само еден типичен израз на политичка одмазда кон сите кои биле некакви функционери од претходната политичка гарнитура. Тоа не е право, тоа е најобична дискриминација поради таквата припадност и за жал и СЈО потпадна под таквиот став иако очекувањата на јавноста беа сосема подруги. Затоа предлагам судот да донесе одбивателна пресуда ако го прифати ставот на одбраната дека СЈО не е овластен тужител или ослободителна пресуда затоа што јавниот обвинител не докажал надвор од разумното сомневање дека обвинетиот го сторил делото за кое се обвинува, изјави неговиот бранител во завршните зборови.
МВР крие дали се уште ги користи возилата набавени на тендерот за кој е осуден Поповски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


