| четврток, 6 декември 2018 |

Собранието донесе одлука за избор на нов состав на ДИК

Без дискусија, со 88 гласа „за“ Собранието донесе одлука да се објави оглас за избор на нов состав на Државната изборна комисија. Со огласот се бара претседател, потпретседател и пет членови на ДИК, а трае осум дена од објавувањето во „Службен весник“.

Според последните измени на Изборниот законик, мандатот на членовите трае шест месеци. Претседателот на Комисијата треба да биде предлог на опозицијата.

На денешната седница на дневен ред е и предлогот на премиерот Зоран Заев за избор на нови министри и заменици. За министерската позиција во Министерството за правда предложена е Рената Дескоска, за министер за образование и наука е предложен Арбр Адеми, за култура Асаф Адеми и за министер без ресор Бардил Даути. За заменик-министер за надворешни работи е предложен Андреј Жерновски, за заменик-министер за здравство Асим Муса, за заменик-министер за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар и за транспорт и врски Садик Беќири.

makfaks.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top