| четврток, 6 декември 2018 |

Спротивно на законот: Во основното училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Радовиш се одржа верски обред (Видео)

Во основното училиште „Крсте Петков Мисирков“ во строгиот центар на Радовиш се оддржал верски обред, на само 50 метри од општината.

И додека од општината и министерството молчат граѓаните преку социјалните мрежи веднаш го осудија овој чин.

Имено според член 12 од Законот за заштита на децата се забранува злоупотреба на децата поради политичко или верско организирање и дејствување, со што е предвидена глоба од 1000 евра.

Инаку верска поука може да се изведува само во јавни простории во кои се вршат верски обреди и верски работи, а за посетување на верска поука од страна на малолетник потребна е согласност од родител, односно старател како и негова согласност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top