Седмооделенците од основното училиште „Кочо Рацин“ во скопската општина Центар, кои вчера спасија патник во автобус на ЈСП да не се задуши откако му се слошило и колабирал, денес се наградени од Црвениот крст на Македонија со петдневно бесплатно летување во одморалиштето на организацијата во Струга, пишува СДК.
Ведран Лауренчиќ, Петар Тодоровски и Мила Кочевска, вчера попладне враќајќи се од натпревар по прва помош во Црвениот крст, во автобусот со број 57 на трасата кон Капиштец, забележале дека на еден од патниците што седел до нив му е лошо и дека се тресе. Веднаш побарале од возачот да го запре автобусот, а останатите патници му помогнале на човекот да се симне од автобусот. Но, веднаш по излегување од возилото човекот колабирал, а двете момчиња и девојчето му пруле прва помош, односно го свртеле странично и му ги ослободиле дишните патишта за да не се задуши. При падот човекот ја повредил главата, и 13-годишните деца му ставиле преврска од кутијата за прва помош, која ја добиле како награда за освоеното второ место на натпреварот. Веднаш потоа интервенирала и Службата за итна медицинска помош, од каде велат дека децата правилно му пружиле прва помош на пациентот, кој поради сериозноста на состојбата веднаш бил префрлен на скопските клиники.
Градоначалникот на Центар Саша Богдановиќ, на настан во Градски парк организиран од училиштето, им додели благодарници. Тој вели дека е горд што овие ученици се токму од Општина Центар и дека нивниот пример треба да го следат и останатите граѓани.
Утре попладне пак се поканети на прием во резиденцијата на претседателот Ѓорге Иванов.
Тие велат дека не очекувале волкаво внимание, бидејќи не направиле ништо необично, туку само го примениле она што го учеле на часовите по прва помош.
„Сите треба да знаат да пружат прва помош, и кога ќе видат некој кому му е потребна помош да не паничат и да се обидат да помогнат“, вели Ведран.
Деца херои: 13-годишници спасија патник во автобус на ЈСП да не се задуши
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст