| четврток, 6 декември 2018 |

Богоев им ги затвори прозорците на карпошани: Скелињата монтирани и по четири месеци, фасадите во распаѓање (ФОТО)

Четири месеци станарите на високотатница на улицата „Вич“ 24 во Карпош 4 живеат во страв да отворат прозорец, зашто на фасадата е поставено скеле за да се реновира, но работите се уште не започнале.

-На некои згради скелинања стојат монтирани и по пет месеци, а санациите на фасадите не се ни почнати. Не можеме да отвориме прозорци, ни преку ден, а камо ли навечер. Секој може да влезе преку скелето, реагира станар на зградата, кого веќе го напушта трпението.

Тој вели дека состаноците на куќните совети се претвориле во состаноци за кавги меѓу станарите, зашто сите се на крајот на нервите.

-Се караме меѓу себе за обврските што не си ги завршила општината. Богоев е должен да не ја кочи работата. Досега веќе требаше да имаме енергетско-ефикасни фасади, а зимата помина. Веќе никој не верува дека до следната грејна сезона ќе ги добиеме фасадите, а уште поважно, ќе се тргнат скелињата и нема да живееме во страв. Лето дојде, ќе одиме по одмори, како да ги оставиме празни становите со скелиња покрај прозорците, прашува тој.

Општината Карпош има обврска да ги санира оштетените фасади на зградите во Карпош, но освен скелиња и нервози, градоначалникот Стефан Богоев за жителите на Карпош не донесе ништо добро.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top