
Миленикот на навивачите на Атлетико Мадрид, Фернандо Торес, кариерата ќе ја продолжи во Јапонија, во екипата на Саган Тосу. Со овој тим Шпанецот ќе потпише двегодишен договор.
Поранешниот репрезентативец на Шпанија тргна по стапките на Андрес Иниеста, кој минатата недела договори соработка со Висел Кобе. Според светските медиуми, Торес, во Саган, ќе има неделна плата од 80.000 евра.
Тимот од клупата го предводи Италијанецот Масимо Фичаденти, а од познатите фудбалери дресот на Саган го носи Колумбиецот Виктор Ибарбо, екс играч на Каљари, Рома и Вотфорд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


