Вчера во 15.00 часот на регионалниот пат Скопје – Куманово, патничко моторно возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.М. (32) од с. Арачиново-скопско, удрило во бетонски столб и ограда.
Притоа, со повреди се здобиле возачот Ф.М. и сопатникот Ф.Б. (26) од с.Мојанци-скопско. Тие со друго возило биле пренесени во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ каде им била укажана лекарска помош.
Кај Ф.М. биле констатирани тешки телесни повреди и бил задржан на понатамошно лекување, додека кај Ф.Б. биле констатирани телесни повреди и по укажаната лекарска помош бил пуштен на домашно лекување. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст