| четврток, 6 декември 2018 |

Грција ги отвори граничните премини

Во Грција од изутрината е прекинат 24-часовниот штрајк против најавените нови мерки за штедење. Граничните премини се повторно отворени и проодни за возила.

Поради штрајкот беа откажани многубројни авионски летови, во прекин беше движењето на фериботите и возовите, како и јавниот сообраќај.

Училиштата и болниците исто така беа затворени, а не работеа ниту медиумите.

Грците на штрајк ги повикаа синдикатите на вработените во јавниот и приватниот сектор ГСЕЕ и АДЕДИ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top