| четврток, 6 декември 2018 |

Французинот ја изненади фудбалската јавност: Зидан соопшти дека го напушта Реал Мадрид (видео)

По освојувањето на Лигата на шампионите трет пат по ред, денеска, на изненадување на многумина, Зинедин Зидан на прес конференција соопшти дека го напушта Реал Мадрид. Како што јавија шпанските медиуми, тој решил да се повлече по состанокот што го имал со претседателот Флорентино Перез во кој се разбоварало за иднината на клубот.

– За тимот мора да продолжи да победува, неопходна е промена, поинаков начин на работа. Ја донесов оваа одлука бидејќи го сакам Реал и претседателот Перез кон кого чувствувам благодарност, изјави Зидан.

Претседателот Флорентино Перез му се заблагодари на Зидан за сработеното, откривајќи дека и самиот бил шокиран од ваквата одлука на тренерот на „кралскиот клуб“.

– По освоениот пехар во ЛШ оваа одлука е сосема неочекувана, но мораме да ја почитуваме максимално. Бев шокиран кога ми беше соопштено, би сакал да сум во можност даго убедам во спротивното, но добро го познавам Зидан и знам дека ќе остане на својот став. Сакам јавно да му се заблагодарам за својата лојалност и страста што ја покажа, за сето она што го направи за нашиот клуб. Не се сомневам дека еден ден ќе се врати во Мадрид, но ако навистина му е неопходен одмор, можам да кажам дека целосно го заслужува, изјави Перез на денешната прес-конференција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top