| четврток, 6 декември 2018 |

Пандов: Стануваме ли Бугари, ќе побара ли Борисов од Путин обновување на санстефанска Бугарија?

На лудилото му нема крај, смета политичкиот аналитирар Александар Пандов. Неговиот коментар на веста дека Синодот на МПЦ побарал од Вселенската патријаршија МПЦ да биде признаена како „Охридска и на Јустинијана Прима архиепископија“, а како поддршка на тоа премиерот во име на владата испратил замолница го пренесуваме во целост.

„Па така покрај тоа што ни го менуваат името на државата и идентитетот, баграва домашна и белосветска и духовно фатиле да не бришат. Од сега ќе бидеме верници на „Охридска и на Јустинијана Прима архиепископија“, а не на Македонска Православна Црква? На ова мора да се додаде дека македонските владици веќе побараа од БПЦ да им биде мајка црква, а Заев им дозволи на бугарските историчари да ни ја пишуваат историјата, по која ќе учиме дека светите браќа Климент и Наум, како и Кирил и Методиј се Бугари. Значи ли тоа дека ние стануваме бугарски духовни чеда и со самото тоа Бугари? По се ова Борисов од Путин со полно право може да бара обновување на санстефанска Бугарија!“, пишува Пандов.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top