Луна Џогани за време на својот престој во реалното шоу „Задруга“ покрај љубовните „драми“ кои ги приредува, на прашањата поврзани со нејзината поранешна пријателка Анастасија Ражњатовиќ постојано одговара негативно поради фактот што воопшто не ја обожава. И откако таа беше единствената што коментираше и упатуваше шали од моментот кога ги поставија рекламите во куќата на кои заштитно лице е Ражњатовиќ, доби и укор од страна на продукцијата. Но освен ќерката на Цеца дојде на ред и нивната заедничка пријателка Маша, инаку поранешна девојка на нејзината непреболена љубов Вељко. Маша е ќерка на Зоран Терзиќ, поранешен фудбалски играч а денес извршен директор на клубот Црвена Ѕвезда. Во разговор со задругарите Луна изјави дека како и Анастасија така и Маша ги има видено во и не баш пријатни изданија и дека двете обожаваат алкохол. На што Терзиќ не остана покуса па јавно на својот Инстаграм профил и се обрати:


„Она баш и неможе без мене, и по којзнае кој пат…па драга госпоѓице – Маша никогаш нема да ја видиш пијана бидејќи Маша е дама и никогаш не би си дозволила такво однесување како твоето, која не фрла работи и не крши се околу себе кога нешто не е по нејзина воља, која не плаче за секоја ситница и не паѓа во несвест кога некој не сака да разговара со неа. Како и да е ништо од тоа не е битно колку што е битно дека Кија Коцкар ја има целата моја поддршка, лавица од жена, паметна и воспитана“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


