Задарската полиција спречила обид за криумчарење мигранти во областа Доњи Срб, каде што било запрено комбе со мигранти, откако полицајците кон него испукале повеќе куршуми.
Инцидентот се случил во средата околу 22 часот, а полицијата го сопрела комбето со мигранти благодарение на претходна дојава, објави „Хина“.
Мигрантите биле во комбе со странски регистарски ознаки, а се претпоставува дека илегално ја преминале границата со БиХ.
По дојавата, полицијата поставила блокади со светлосна и звучна сигнализација. Меѓутоа, возачот не застанал и продолжил да вози кон полицијците, поради што тие испукале повеќе куршуми во насока на возилото.
Возачот скокнал од комбето и побегнал во шумата, а во возилото биле пронајдени 29 странски државјани од неколку земји, меѓу кои и две деца повредени од пукањето со огнено оружје и повеќе повредени поради опасното возење.
Како што се наведува, повредените деца биле префрлени во болницата во Задар и не се во животна опасност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст