| четврток, 6 декември 2018 |

МПЦ бара самата да си го смени името – да се избрише „македонска“ за да биде признаена!?

Македонската православна црква (МПЦ-ОА) испратила писмо до Вселенската патријаршија преку кое бара промена на своето име, објави „Ромфеа“, едно од највлијателните црковни гласила во Грција. Како што е наведено, МПЦ-ОА наводно побарала ново име, кое нема да го содржи терминот Македонија, а според посоченото, МПЦ-ОА побарала свое преименување во „Охридска и на Јустинијана Прима архиепископија“.

Информацијата за испратеното писмо ја потврди и Вселенската патријаршија, која преку соопштение истакна дека освен барањето на МПЦ-ОА, писмо пристигнало и од македонскиот премиер Зоран Заев, кој побарал од Синодот на Вселенската патријаршија да ја врати МПЦ-ОА во канонскиот поредок под името Охридска архиепископија.

Заев побарал признавање на МПЦ од Вселенската патријаршија, Вселенскиот патријарх одговори позитивно

 

Портпаролот на Синодот на МПЦ-ОА, митрополитот дебарско-кичевски г. Тимотеј, потврдува дека било испратено писмо во кое било побарано да се додели автокефален статус и ништо повеќе.

– Ние сме свесни дека Грците многу тешко ќе нè признаат под името МПЦ, но сепак Охридска архиепископија претставува една историја и за нас е достоинствено име. Јас не знам какво писмо испратил премиерот Заев, но ние сме возобновувачи на ОА во лице на МПЦ, па ако ни ја признаат ОА, тоа ќе значи дека имаме 1000-годишна историја. Секој што барем малку размислува треба да биде благодарен ако ни ја дадат ОА, отколку МПЦ, која е создадена во 1946 година – објаснува г.Тимотеј.

Од друга страна, пак, митрополитот европски г. Пимен има различен став од г. Тимотеј, бидејќи пред само три дена истакна дека МПЦ-ОА нема да прифати ново име доколку се промени името на државата.

Владика Пимен: Соседите сè уште не можат да го победат национализмот

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top