Централниот одбор на СДСМ на вчерашната седница донел одлука да му даде целосна поддршка на претседателот на партијата Зоран Заев да ги продолжи разговорите и да носи одлуки во врска со спорот за името, се наведува во соопштението од партијата.
Заев во обраќањето пред членовите на ЦО истакнал дека Македонија никогаш не била поблиску до изнаоѓање на достоинствено решение на спорот со Република Грција коешто истовремено ќе го зачува и зајакне нашиот идентитет. Во однос на придобивките од постигнувањето на решение, Заев ги истакнал поканата за членство во НАТО и се отвора можност за почеток на преговори за полноправно членство во ЕУ.
-Централниот одбор едногласно донел Заклучок со кој му пренесе целосно право на престседателот на СДСМ, Зоран Заев, да носи одлуки во врска со проблемот што Грција го има со нашето уставно име, со цел да се обезбеди подобра иднина на Република Македонија и сите нејзини граѓани, се вели во соопштението.
Исто така, членовите на Централниот одбор дале поддршка на предлозите за кандидати за министри и заменици министри во Владата од редовите на СДСМ: Рената Дескоска за министер за правда, Петар Атанасов за заменик министер за образование и Андреј Жерновски за заменик министер за надворешни работи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст