| четврток, 6 декември 2018 |

Јанушев: Ова ВМРО – ДПМНЕ ќе го победи СДСМ, било каде и било кога

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев во вчерашната дебатна емисија на Алсат-М телевизија, ,,200’’ истакна дека на протестите кои ги организира опозицијата на 2 јуни, народот ќе испрати јасна порака до Владата, порака на незадоволство. Јанушев вели дека целата јавност е сведок на неработењето на владата на СДСМ и дека протестот кој ќе се одржи за неколку дена е одлична можност да се каже доста.

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ изјави дека власта се расфрла со празни флоскули, нема никакви проекти и дека игнорантски и потценувачки се однесува кон граѓаните на Македонија.

– Сите сме сведоци на неработењето на Владата. Да се каже дека Владата работи лошо ќе значи дека барем нешто прават. Тоа не е така. Нема некој во државата што не го знае тоа. Владата не работи ништо. Време е да им се каже доста, вели тој.

Јанушев додаде дека на 2 јуни граѓаните ќе го кажат своето. Тој заклучи дека сегашното раководство на ВМРО-ДПМНЕ ќе го победи СДСМ било каде и било кога.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top