| четврток, 6 декември 2018 |

Катарина Ивановска го прослави првиот роденден на своето синче: Си велев – како е можно да го родам мали Цобе?

Нашата најпозната топ-моделка, Катарина Ивановска тукушто се врати од одморот во Грција од кадешто ја организираше прославата на првиот роденден на своето синче Вања. Роденденот ќе биде голем и на отворено, токму како што доликува за првата „журка“.

Катарина и нејзиниот сопруг Цобе се заедно цели 11 години, а пред точно една година, на 30.мај, го добија и синчето Вања. Иако обично се мисли дека познатите фаци се разгалени и научени постојано некој да им помага околу децата, ако ја прашате дали некој им помага кога одат на патувања со Вања, нашата Кики остро ќе ви рече: Сосема сме способни сами да се грижиме за своето дете!

– Воопшто не е тешко да се чува дете како Вања. Без проблем јаде, спие, многу е весел и сака да е со луѓе, а најмногу од сѐ сака да се бања. Ние сме опуштени родители и тој ја чувствува нашата енергија која му ја пренесуваме и нему. Постојано се смее, Прооде на 11 месеци и притоа заработи неколку модринки, но сѐ е дел од растењето. Единствен проблем е да му се стави капче на глава, но кога е на сонце, особено на плажа, настојувам да носи па знам да го прелажам и кога ќе се занесе во играњето да му го ставам на главчето, раскажува Ивановска.

Кога се породила, раскажува смеејќи се, си велела: „како е можно да го родам мали Цобе“! Дека многу личел на татко му, постојано слушала од сите наоколу кои веднаш кога ќе го виделе ѝ го кажувале истото, но сега, вели, почнува да наликува на неа. Или, се смее таа, барем така си се теши.

(извор – Мајка и дете.мк)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top