
Скандали го тресат министерството за здравство во последната година дена, откако инцијалниот период од превземањето на власта од страна на СДСМ, сега екс-министерот Арбен Таравари одби да превземе одговорност за смртта на десетици новороденчиња, кои за жал, починаа поради катастрофалните услови во ГАК.
Ваквиот тренд продолжи и по доаѓањето на министерот Филипче, но под негово раководство се наталожија и низа на други скандали, првенствено со набавка на лекови и сомнежи за фаворизирање на една компанија, блиска до министерката Радмила Шеќеринска.
Дека здравството е во хаос, покажува и фактот дека во струмичката болница во одделот за интервентна хирургија се користат средства за оперирање со поминат рок. Некои од материјалите имаат поминат рок повеќе од три години. Освен материјали за интервенциите, на пациентите им се делат и лекови со поминат рок од неколку години, јавува Инфомакс.
Ваквата состојба во здравството се одрази и на последната анкета која ја објави телевизија „Телма“, според која граѓаните се најнезадоволни од работата на министерството за здравство и министерот Филипче.





Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


