| четврток, 6 декември 2018 |

УХРМ: До петок температурите ќе растат, за викендов дожд и грмежи

Времето вечерва во централните делови на земјата ќе биде ведро, а само мала облачност ќе има во првиот дел од ноќта. Понекаде ќе има слаб променлив ветер, информира УХРМ.

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во западните и јужните делови ќе има појава на краткотраен локален дожд и грмежи. Вредноста н УВ-индексот ќе биде 7. Утринските температури ќе се движато од 9 до 16, а дневните од 27 до 32 степена.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне малку ќе има зголемена облачноста. Температурата ќе се движи од 14 до 31 степен.

До петок во попладневните делови од денот, особено во крајните западни и јужни делови, ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи, а во петок ќе има и зголемување на облачноста. Во деновите од викендот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално се очекуваат и поинтензивни процеси. До петок, кога ќе биде и најтопло, дневните температурите ќе бидат во благ пораст.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top