| четврток, 6 декември 2018 |

Буфон две години во ПСЖ, до утре ќе биде претставен во новиот клуб

По цели 17 години минати во Јувентус, Џанлуиџи Буфон месецов се збогуваше во клубот во кој стекна легендарен статус, а италијанските медиуми денеска јавуваат дека голманот отпатувал за Париз и веќе се договорил со екипата на ПСЖ.

Според, „Кориере дело Спорт“, 40-годишниот Буфон вечерва или најдоцна утре ќе биде промовиран во нов член на „светците“. Италијанецот наводно се договорил за двегодишен договор со лични примања од осум милиони по сезона.

ПСЖ на Буфон ќе му биде само трет клуб во долгата кариера, по Парма и Јувентус и ова е негов последен обид да дојде до трофејот кој му недостига во креденецот – Лигата на шампиони.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top